Дипломиран електро инженер - Енергетска насока (со работно искуство)
Скопје
Рок за пријавување:
- МАКСТИЛ АД СКОПЈЕ
Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.
Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за Одржување, отворено е следново работно место:
Опис на работно место:
- Го утврдува стандардот за одржување, ги изготвува плановите за инспекција и детално одржување;
- Предлага методологија за интервенција за подобро извршување на работите;
- Ги предвидува потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
- Ги изработува неделните и месечните извештаи од интервенциите;
- Директно извршува контрола и инспекција на работите од посебно значење, проверка на кондиционата состојба на постројките, дава стручни совети за одредена проблематика и сл.;
Работни услови: Работа во една смена, од понеделник до петок.
Потребни квалификации:
- Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран електро инженер;
- Со работно искуство;
- Познавање на англиски јазик;
- Способност за планирање и менаџирање;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност;
- Прецизност и аналитичност;
- Способност за работа под притисок и со рокови;
- Тимска работа и кооперативност.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат преку Брзата Апликација, со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 02.06.2023 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Дипломиран електро инженер - Енергетска насока и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Електротехника изнесува 22.219 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!