Vrabotuvanje.com - Оператори на машини за лиење пластика (Injection moulding machines) и Пакувачи на готов производ - Охрид - Ц & П Алати ДООЕЛ Охрид
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оператори на машини за лиење пластика (Injection moulding machines) и Пакувачи на готов производ

Охрид

Рок за пријавување:

  • Ц & П Алати ДООЕЛ Охрид

Ц и П Алати Дооел  е извозно ориентирана компанија за производство и услуги, која се занимава првенствено со производство на пластични производи. Во нашиот новоотворен производен погон во Охрид имаме потреба од нови вработувања:

Во моментов имаме потреба од

ОПЕРАТОРИ НА МАШИНИ ЗА ЛИЕЊЕ ПЛАСТИКА
(INJECTION MOULDING MACHINES)

НУДИМЕ:

  • Основна почетна нето плата - по договор, во зависност од искуството и вештините
  • Годишен регрес од 30.000 денари
  • Работно време од понеделник до петок само прва и втора смена
  • Бонуси за остварени таргети
  • Можност за напредување

РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Програмирање и реглирање на автоматски машини за лиење пластика. Менување на калапи, одржување на машините.

БАРАМЕ:

  • Амбициозни, личности со желба за напредок и учење
  • Претходно работно искуство - ќе биде предност
 

ПАКУВАЧИ НА ГОТОВ ПРОИЗВОД

НУДИМЕ:

  • Основна почетна нето плата од 23.000 денари
  • Годишен регрес од 23.000 денари
  • Работно време од понеделник до петок само прва и втора смена
  • Бонуси за остварени таргети
  • Можност за напредување

РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Пакување на готовите производи во картонски кутии.

БАРАМЕ:

  • Амбициозни, личности со желба за напредок и учење
  • Претходно работно искуство - ќе биде предност

Доколку сте еден од потенцијалните кандидати, Ве молиме покажете интерес преку Брзата Апликација или на телефон 075/439-489.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде