Vrabotuvanje.com - Шивачи/Шивачки на технички текстил и Оператори на машина дрикерка - Скопје - ИПРОТЕКС Технички Текстил ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Шивачи/Шивачки на технички текстил и Оператори на машина дрикерка

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИПРОТЕКС Технички Текстил ДООЕЛ
  • Адреса: ТИРЗ бр.15, Илинден, 1041 Скопје

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст, „Службен весник на РМ“ бр.62/05, бр.161/2008, бр.130/2009, бр.50/2010, бр.52/2010, бр.124/2010, бр.47/2011, бр.11/2012, бр.39/2012, бр.13/2013, бр.25/2013, бр.170/2013, бр.187/2013, бр.113/2014, бр.20/2015, бр.33/2015, бр.72/2015, бр.27/16), Друштво за производство, трговија, преработка и услуги ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ Илинден, со седиште на ул.”Технолошка Индустриска Развојна Зона” бр.15 н. Илинден, Скопје, вработува:

ШИВАЧИ/ШИВАЧКИ НА ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ И 
ОПЕРАТОРИ НА МАШИНА ДРИКЕРКА во автомобилска индустрија

ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ Илинден/ Скопје има потреба од 10 (десет) работници, во производствениот погон во ТИРЗ- Бунарџик.


Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство во конфекција (пожелно е искуство во полето на  автомобилската индустрија)
  • Мотивација за надградување на работните вештини


Личен профил:

  • Тимски играч
  • Трудољубивост
  • Доверливост


Опис на работни задачи:

  • Да ракува со машина;
  • Да спроведува технолошки постапки во конфекциски производ;
  • Да применува норми на работна етика;
  • Да се грижи за исправноста на машината како би можел да ја изврши задачата сo соодветен квалитет и
  • Други работи и работни задачи предвидени согласно работната позиција.


Услови за работа:

  • Колегијална и пријателска работна атмосфера;
  • Редовни месечни примања;
  • Редовен работен однос со дневно 8-часовно работно време, 40-часовно неделно работно време, сменска работа- прва и втора смена;
  • Обезбеден транспорт од и до работното место и храна;
  • Прекувремена работа, работа за викенд и работа на празник се плаќаат  дополнително, согласно позитивните законски прописи и
  • Можност за лично и професионално надоградување.

Ве замолуваме да ни ги испратите Вашите апликации/ кратки биографии на македонски јазик,
преку полето Брза Апликација.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани на кратко интервју

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде