Vrabotuvanje.com - Асистент во Контрола на квалитет - Штип - ИМАКО ВИНО ДООЕЛ Штип
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Асистент во Контрола на квалитет

Штип

Рок за пријавување:

  • ИМАКО ВИНО ДООЕЛ Штип


Винарската визба Имако Вино, Штип со постојаниот раст од основањето во 2002 година до денес, прерасна во една од најголемите винарски визби во Македонија со годишно производство од над 10 милиони литри вино.

Имако Вино е модерна винарска визба која успешно ги комбинира современите технологии за производство на вино со креативност и знаење со цел да произведе квалитетни вина.

За потребите на  
Винарија Имако Вино во Штип  

се бара

АСИСТЕНТ ВО КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Со следниве главни задачи и одговорности:

  • Имплементира постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
  • Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот
  • Врши контрола на квалитет на полупроизводи, пакувачки материјали и суровини за производство
  • Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел унапредување на  квалитетот на призводите и ефикасноста на процесите
  • Обезбедува и врши подготовка на податоци, анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити
  • Одговорен за спроведување , ажурирање и сертифицирање на стандардите за квалитет имлементирани во винаријата – HACCP,ISO 22000, IFS

Потребни способности и карактеристики:

  • ВСС -  Технолошки факултет (Прехрамбена индустрија или Биотехнолошко инженерство)
  • Работно искуство во производство ќе се смета за предност, но не е пресудно
  • Кандидатите без предходно работно искуство ќе добијат соодветна обука
  • Познавање на системите за квалитет – HACCP , ISO, IFS
  • Способност за разбирање, обработка и пренос на точни податоци и факти
  • Изразени организациски и аналитички вештини
  • Добри организациски и комуникациски способности, менаџирање на време
  • Добро познавање на пишан и говорен Англиски јазик
  • Познавање на пакетот MS Office

Компанијата нуди:

Долгорочна и стабилна работна позиција што вклучува 40 часа неделно работно време и со флексибилност на истото во период на сезона, со конкурентен месечен надомест, обука, напредување и развој во организацијата.

Заинтересирани апликанти, ве покануваме да доставите ваша Професионална Биографија (ЦВ) преку полето Брза Апликација.

Ви благодариме за вашиот интерес.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде