Нашиот реномиран клиент НЕОКОРТЕКС-Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација е во потрага по квалификуван и мотивиран кандидат на позицијата:
Психолог / координатор на центарот (Реон Скопје)
ЗАДАЧИ:
- Спроведување на соодветен процес на психолошки сесии, психолошко советување/психотерапија на клиенти;
- Комуникација со клиенти (телефонско закажување/презакажување на тековни и нови термини и следење на распоредите на останатите стручни лица во центарот);
- Водење евиденција за спроведените проекти, статусот на проектите и нивната реализација во центарот;
- Одговарање на прашања на социјални мрежи и поддршка на маркетингот на центарот;
- Административни задачи поврзани со дејноста на НЕОКОРТЕКС.
- Завршени студии ВСС – Филозофски Факултет отсек – Психологија;
- Лиценца за работа издадена од Комората на психолози на Република Македонија;
- Минимум 3 година претходно работно искуство во иста или слична дејност;
- Завршена или барем започната и во тек едукација за психотерапија;
- Искуство со психодијагностика ќе се земе за предност;
- Искуство со Административни работи/ Координирање ќе се земе како предност;
- Развиени комуникациски вештини;
- Time management вештини;
- Лојалност, посветеност и организираност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Word, Excel, PowerPoint, Outlook;
- Лицата кои се амбициозни и имаат афинитет за кариерен развој ќе имаат предност;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија би било предност.
- Постојани обуки од страна на ментор и можност за напредување;
- Вработување на определен период (40 часа неделно) со пробен период од 3 месеци, со можност за промена на договорот на неопределен временски период;
- Работното време на Центарот е од 10:00 до 20:00 со можност за флексибилност (хибридно работно време) по договор со менаџерот;
- Фер, навремено и коректно плаќање.
Ги поттикнуваме кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми, своите биографии да ги испратат преку полето Брза Апликација.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.