Vrabotuvanje.com - Хаус мајстор - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Малта, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Кенија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.

За потребите на нашата компанија потребен ни е
ХАУС МАЈСТОР

Основни должности:

  • Тековно одржување на сите подружници во Македонија
  • Отклонување на ситни дефекти на електро и машинските инсталации
  • Отклонување на ситни дефекти на водоводните инсталации и браварски работи
  • Пријавување на дефекти, следење на работата на надворешни сервисери и изведувачи на објектите, водење евиденција за одржувањето
  • Контрола на работењето и одржување на системите за вентилација, климатизација и греење
  • Чистење на воздушните филтери на системите за климатизација и вентилација
  • Одржување на мрежата на ТВ уреди
  • Одржување на светлечките реклами
  • Одржување на останатиот инвентар во подружниците
  • Помош на другите сектори и служби во случај на потреба
  • Уредно водење патни налози
  • Следење на исправноста на возилото и пропратната опрема на возилото кое го користи
  • Пополнување на електронски патен налог
  • Водење сметка за потрошувачката на горивото

Услови:

  • Средна стручна спрема, машинска или електро насока
  • Најмалку 2 години работно искуство на исти или слични работни позиции
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Дополнителни знаења: работа со компјутер
  • Одговорна и вредна особа, со претприемачки дух и отворена за соработка
  • Исклучителна брзина и прецизност во работата, сигурност и организираност

Компанијата нуди:

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Работна недела од 38 часа
  • Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да гo испратите преку полето Брза Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. 

Краен рок за поднесување на пријавите е 04.06.2023 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде