Vrabotuvanje.com - Оперативен Менаџер - Велес - Икс Фактор Акцелератор ДОО Велес
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Оперативен Менаџер

Велес

Рок за пријавување:

  • Икс Фактор Акцелератор ДОО Велес
  • Адреса: Борис Карпузов 1, 1400 Велес
  • Телефон: +389 75 216 619
  • Веб страна: http://xfacc.mk
  • Лице за контакт: Тодор Левков

Оперативен Менаџер


​Х Фактор Акцелератор од Велес е првиот и единствен акцелератор надвор од Скопје стартуван во 2018 година со поддршка на ФИТР и партнерство со Светска Банка. Во изминатиот период акцелераторот се издвои како еден од најактивните во државата креирајќи портфолио од пет стартапи со вкупна инвестиција од 480.000 €. Сите стартапи се со глобален потенцијал за раст и во фаза на комерцијализација.

За следната фаза од растот на акцелераторот во која се планира засилена поддршка на глобалниот раст на постоечките стартапи, привлекување домашни и странски инвеститори за инвестиции во нова група стартапи, како и проширување на активностите на акцелераторот во регионот на југоисточна Европа, потребно е засилување на тимот со оперативен менаџер.
Сите дополнителни информации за акцелераторот може да се најдат на http://xfacc.mk

Обврски на оперативниот менаџер:

  • Редовна комуникација со стартапите од постоечкото портфолио
  • Одржување релации со партнерските организации на акцелераторот (домашни и странски)
  • Организација на настани на акцелераторот и активно учество во сите настани на партнерските организации (семинари, конференции, обуки, повици и сл.)
  • Креирање и имплементација на маркетинг стратегија за привлекување на домашни и странски инвеститори за финансирање на стартапите и акцелераторот
  • Техничка и административна поддршка при подготовка на периодични извештаи кон партнерските организации
  • Одржување на дигиталните маркетинг канали на акцелераторот за комуникација со јавноста

Квалификации:

  • Задолжително високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Вештини за дигитален маркетинг и односи со јавност
  • Одлично познавање на Microsoft Office
  • Искуство во работење на проекти со домашни и странски донатори, како и познавање на стартап екосистемот ќе се смета за предност
  • Пожелно искуство во изработка на бизнис планови и проектни апликации
  • Самоиницијативност и изразени организациски способности

Услови за работа:

  • Место на работа: Велес
  • Вработување на неопределено време
  • Плата по договор
  • Вмрежување и можности за соработка со голем број на организации од приватниот и јавниот сектор како и со сите релевантни донатори активни во регионот
  • Работа во иновативна средина со тим од искусни претприемачи


 

 

Сите заинтересирани кандитати да се пријават преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде