Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

Ние во Алма-М веќе 31 година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува оглас за следната работна 

Магационер – Спремач на роба

 
Датум на објава: 23 Маj 2023
Рок за пријавување до 6 Јуни 2023
Број на оглас: О-230524-ЛМ-МП
Сектор: Логистика
Локација: СКОПЈЕ
 
 
Работни задачи:
  • Подготовка на нарачки,
  • Броење на роба за време на пописи на месечно ниво, 
  • Прием на роба со внесување по локации,
  • Проверка на рокови и декларации,
  • други работи по налог на претпоставен.
     
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа, фокусираност,
  • Професионално однесување и организираност,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени.
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е претпладне, од 06.00 до 14.00 часот, од понеделник до петок.
Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласот се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде