Vrabotuvanje.com - Соработник во сектор за ревизија - Скопје - РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник во сектор за ревизија

Скопје

Рок за пријавување:

  • РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
  • Адреса: Ул. Даме Груев бр.8 Скопје Центар, 1000 Скопје


 

 

Друштвото за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје објавува оглас за работно место 

СОРАБОТНИК ВО СЕКТОР ЗА РЕВИЗИЈА 
За канцеларија во Скопје
 
 
Основните работни задачи за оваа позиција ги опфаќаат следните обврски:  
  • Поддршка на надредениот во спроведување на секојдневните обврски од областа на ревизијата;
  • Извршување на сите задачи зададени од надредениот;
  • Подготовка, извршување и учествување во сите фази на ревизорскиот процес;
  • Спроведување сложени процедури на ревизија и уверување;
  • Раководење, координирање и обука на членовите на тимот;
  • Уредно водење на документацијата во согласност со политиките на фирмата;
  • Комуникација со клиенти;
  • Други работи поврзани со спроведувањето на ревизијата.

Критериуми за работно место:
  • Повеќе од 5 години работно искуство во областа на ревизија;
  • Високо образование – Економски факултет (насока Сметководство и ревизија се смета за предност);
  • Компјутерска писменост и владеење на MS Office;
  • Одлично познавање на деловен англиски јазик (усна и писмена комуникација);
  • Педантност, аналитичност, одговорност, исполнителност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации и работа во куси временски рокови.
 
Вашата професионална биографија, ја очекуваме преку полето Брза Апликација со назнака „За работно место: Соработник во ревизија “.
 
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде