B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.
B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.
B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА АМБУЛАНТНА ПРОДАЖБА
ЗА РЕГИОНИ: СКОПЈЕ- ИСТОК И СКОПЈЕ-СЕВЕР
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Континуирано освојува нови продажни места и гради професионални односи со постоечките клиенти
- Врши посета на зададен регион според рута за посета и преговара за продажба и изложување на производите управувајќи со комерцијално/товарно возило за амбулантна продажба (Volkswagen Caddy)
- Се грижи за залихите, изгледот и позиционирањето на производите во постоечките продажни објекти
- Презентирање и продажба на постоечките и новите производи кај постоечките и потенцијалните купувачи
- Се грижи за присатност на комплетното портфолио и залихите кои треба да се испорачат
- Одговара за исправноста и хигиената на задолжените средства (возило, технички апарати) и за соодветно чување, складирање и ракување со готовите производи кои се предмет на продажба
- Преговара и договара поставување на дисплеи, полици и ладилници и нивна правилна употреба
- Ги следи активностите на конкуренцијата и дава предлози за подобрување на севкупното работење
- Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените
ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО:
- Минимум 1 година искуство во продажба на алкохолни/безалкохолни пијалоци или прехрана
- Завршено минимум ССС
- Познавање на MS Office пакет
- Валидна возачка дозвола - Б категорија
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Развиени комуникациски и продажни вештини со претприемачки вештини
- Проактивност, навремено планирање на дневни/неделни/месечни активности
- Уредност, одговорност и флексибилност
- Tимски работник, амбициозен за сопствениот развој, како и за развој на тимот во целина
ШТО НУДИМЕ:
- Работа со Premium интернационални брендови увезени директно од Холандија и Белгија
- Редовни месечни примања и одлична можност за понатамошно напредување
- Месечни бонуси согласно остварените резултати во продажбата и наплатата
- Дополнителен годишен регрес над просекот во републиката
- Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
- 40 работни часа неделно, распределени во 5 или 6 работни дена (сезонски се работи 6 дена во неделата)
- Основна нето плата 24.500 денари како и одлична можност за дополнителни месечни бонуси од во согласност со остварените резултати во продажбата и наплатата
Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација со назнака за кој регион аплицирате
БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија