B.M Group е семејна групација, присутна на албанскиот и регионалниот пазар од 2004 година. Компанијата е ангажирана првенствено во директна дистрибуција во сите канали на продажба.
B.M Group со трговија и дистрибуција покрива 10 пазари под добро воспоставени, посебни правни лица во: Албанија, С.Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Словачка, Грција, Англија и САД.
B.M Group портфолиото има ексклузивност во продажбата на брендовите на Royal Swinkels Family Brewers кои се втори најголеми извозници на пиво во Холандија. Дел од брендовите се и Energy Drink B52, Bavaria Beers и други алкохолни и безалкохолни пијалоци
ПОМОШНИК МЕНАЏЕР НА МАГАЦИН (ЛОГИСТИКА)
ЛОКАЦИЈА: СКОПЈЕ, Населба Илинден
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Го планира, организира, координира и контролира магацинското работење
- Растовар на производи и материјали, проверка на количина и квалитет на пратките и заверка на документацијата за секоја пратка
- Поставување на производите на локација за чување почитувајќи го FIFO принципот
- Внимателно ракување со материјалите заради избегнување на крш
- Изготвување на извештај за разлика во количина и оштетување на пратки
- Навремено дополнување на продажните возила со производи за продажба (залиха и дополна) и споредба со задолжителната документација со реална состојба
- Изведба на физичко и системско пренесување на производи во реално време
- Контрола на пакувањето и грижа за неговата чистота, навремена поделба и отстранување на отпад
- Учество на периодичен попис како оператор за броење или контролер
- Учество во декларирање на производи (аплицирање на декларациска налепница)
- Управување со вилушкар во согласност со правилата за безбедност
- По потреба врши подигнување на нарачки од добавувачи кои не вршат достава;
- Извршува останати работни задачи кои се доделени од претпоставените
ПОТРЕБНО ЗНАЕЊЕ И ИСКУСТВО:
- Завршено минимум ССС
- Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство со менаџирање на магацин во дистрибутивна дејност (трговија, производство)
- Способност за самостојна и тимска соработка
- Прецизност, работливост и флексибилност
- Познавање на оперативни системи на Microsoft (Word, Excel, генерирање на прегледи)
- Возачка дозвола: Б категорија (по потреба – користење на службено возило)
- Сертификат за управување со виљушкар
ШТО НУДИМЕ:
- Работа со Premium интернационални брендови увезени директно од Холандија и Белгија
- Редовни месечни примања и одлична можност за напредување
- Месечни бонуси согласно остварените резултати во продажбата и наплатата
- Дополнителен годишен регрес над просекот во републиката
- Работа во пријателска и динамична работна атмосфера
- 40 работни часа неделно, распределени во 5 или 6 работни дена (сезонски се работи 6 дена во неделата)
- Основна нето плата 24.500 денари како и одлична можност за дополнителни месечни бонуси во согласност со остварени резултати во продажбата и наплатата
Доколку Вашата иднина ја гледате како член на нашата компанија, испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација со назнака за позицијата за која што аплицирате
БМ ГРУП МАКЕДОНИЈА е дел од BМ GRОUP – есклузивен дистрибутер на ROYAL SWINKELS FAMILY од Холандија за регионите на Македонија, Србија, Грција, Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија