Vrabotuvanje.com - Магационер за суровини/ Магационер за готови производи- Куманово - Куманово - СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Магационер за суровини/ Магационер за готови производи- Куманово

Куманово

Рок за пријавување:

  • СПЕЦИЈАЛ - ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје
 
 
СПЕЦИЈАЛ-ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје е компанија со 30 годишна традиција која поради понатамошен развој објавува оглас за:
 
Магационер за суровини/ Магационер за готови производи
Куманово

 
 
Должности:
Извршува дејности, работни задачи и процеси, поврзани со: 
  • Задолжен за комплетно водење на магацинот на суровини/ готови производи согласно законските прописи и пропишаните процедури и стандарди;
  • Задолжен за градење и одржување одлични релации со добавувачите;
  • Задолжен за водење оптимални залихи на суровините;
  • Задолжен за одржувањето на редот и хигиената во магацинот;
  • Примање на нарачки;
  • Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
  • Задолжен за водење на целосна документација согласно стандардите;
  • Се грижи за опремата во магацинот;
  • Извршува други задачи од делокругот на негово работење;
  • Одговорен за редовно известување за работата кај  административниот работник;
  • Задолжен да извршува други работи по барање на управителот.
  • Достава на роба од една кантина во друга
  • Водење точна евиденција на робата која што се прима и распределува по кантини
  • Водење евиденција на испратници
  • Достава во точно време
  • Запазување на рокови на производите

Одговорности:
  • Се придржува кон актите на работодавачот за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци;
  • Го почитува правилникот за работни односи, Кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Го почитува работниот распоред,
  • Ги подобрува вештините и квалификациите преку присуство на организирани обуки од друштвото;
  • Во комуникација со потрошувачи разговорот  го води културно и етички во согласно со кодексот за однесување и сите интерни правилници и политики на друштвото;
  • Коректно ги употребува софтверските апликации, според постојните процедури;
  • Работата ја извршува согласно индивидуалниот договор за работа и вложува сопствен труд во согласност со неговата стручна подготовка и квалификации, истовремно внимавајќи на квалитетот и роковите за завршување на работата;
  • Ја почитува работната дисциплина;
  • Го почитува редот и чистотата на работното место согласно Кодексот на однесување и барањата на друштвото
  • Ги почитува упатствата на работодавачот за безбедно работење;
  • Во случај на несреќа при работа должен е да го извести непосредниот раководител и правната служба телефонски или писмено веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.
 
Образование, квалификација, професионалано работно искуство:
  • Минимум средно образование;
  • Работно искуствo во оваа или слична област ќе се смета за предност;
  • Добри компјутерски вештини, работа со софтверскиот пакет MS – Office, internet, e-mail;
  • Работење и однесување во согласност со принципите на деловната комуникација и поведение;
  • Возачка дозвола Б -  категорија
 
Лични карактеристики:
  • Навремено исполнување на работните задачи;
  • Способност за работа во динамична средина;
  • Организираност;
  • Доверливост; 
  • Лојалност кон друштвото; 
  • Одговорност;
  • Одлучност и  креативност
  • Тимски работник
 
Што нудиме ние: 
  • Пријатна работна средина со многу предизвици
  • Конкурентна плата
  • Исплата на регрес
  • Тимска работа
  • Кариерен развој и мотивација
  • Континуиран фидбек од работата
     
 
Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете ја Вашата биографија на преку полето Брза Апликација.
 
Напомена:
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде