Финансиски директор
Скопје
Рок за пријавување:
- Gulf Oil
- Одговорен за финансиско работење на компанијата, давање на веродостојни финансиски извештаи кон државни органи како и на надредените во компанијата (Генерален директор, Директор и на сопствениците на компанијата);
- Раководи и ја координира работата на вработените во финансискиот секторот;
- Соработува и дава совети и насоки од областа на финансии на сите директори на секторите во компанијата;
- Раководи и организира изработка на годишниот финансиски план и буџетите во компанијата;
- Соработува и одржува поволни деловни односи со деловните банки и другите финансиски институции и управува со кредитните обврски на компанијата;
- Изработува редовни месечни, квартални и годишни анализи и извештаи и дава предлози за унапредување на работењето;
- Води евиденција на вкупните обврски на Друштвото кон добавувачи и дава дневни/неделни/месечни планови за намирување на обврските;
- Управува, планира и ги контролира сите инвестиции на компанијата;
- Следење на сите законски прописи во областа на финансиите и финансиското работење.
Потребни квалификации:
- Високо образование – Економски факултет;
- Минимум 5 години искуство на иста или слична работна позиција;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакет програми (Word и Excel) и развиени компјутерски вештини;
- Познавање на целокупно материјално и финансово работење;
- Активно познавање и следење на новите законски прописи;
Личен профил:
- Одговорна и организирана личност;
- Лојалност и професионален пристап кон работата;
- Иницијативност, посветеност и амбициозност;
- Способност за одржување дискреција при справување со доверливи или сензитивни работни активности;
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови и проценка на приоритети;
- Високо развиени аналитички и организациски способности и прецизност во работењето;
- Динамичност и ефективност;
- Развиени способности за планирање, организирање и координирање;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Високо развиени комуникациски и меѓучовечки односи и ефективна вербална комуникација;
- Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!