ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ – ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА
- Поврзување со напојување, батериите, детектирање и отсранување на дефекти
- Солидно познавање на Инсталација на софтвер, програмирање и подесување на параметри
- Почетно стартување на автобусот
- Проверка на инструмент табла со инструменти (додека работи моторот) + детекција и отстранување на дефекти
- Дијагностицирање со компјутер на ( мотор, менувач, АБС, ЕСЦ) и бришење на датотеката со грешки
- Работа со мултиметар
- Предност на кандидати кои имаат искуство во работа со висок напон-еднонасочна струја
- Минимум средно образование од техничките струки
- Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
- Способност за читање на техничка документација
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Течно зборување и пишување на Англиски јазик
- Почетна нето плата од 35.000 денари плус минат труд
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk, во делот “отворени работни места”.