ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
МЕХАНИЧАРИ – ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ
- Составување на шасијата и механичките делови (ако е неопходно да користи дигалка)
- Да ги состави механичките делови пред да се монтираат на шасијата
- Поставување на делови на означените места ( со помош на завртки или стеги);
- Затегнивање или спојување на механичките делови;
- Поставување на цилиндрите за кочење, водилките и диференцијалот
- Составување на моторот пред да биде поставен на шасијата;
- Составување на радијаторот и издувниот систем пред да биде поставен на шасија;
- Поставување и поврзување на системот за управување;
- Инсталирање на механички компоненти и системи, како што се моторот, менувачот, оските, филтер за воздух, издув, систем за сопирање, радијаторот, центрирање и подесување на каишниците и поставување на клима компресорот;
- Работните задачи мора да се извршуваат во согласност со инструкциите за работа и техничкиот опис на материјалот
- Минимум средно образование од техничките струки
- Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
- Способност за читање на техничка документација
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Почетна нето плата од 28.900 денари плус минат труд
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места