Vrabotuvanje.com - Aрмирачи - Црна Гора - Фабрика „Карпош“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Црна Гора

Рок за пријавување:

  • Фабрика „Карпош“

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.


​Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:

 
Aрмирачи
Локација: Црна Гора – Буљарица
Опис на работнo:
  • Сечење, свивање, поврзување и поставување на арматурата; 
 
Услови:
  • Договор за работа со пријава на работен однос;
  • Нето заработка од 5 ЕВРА на час или согласно работното искуство
  • Здравствено и пензиско осигурување;
  • Обезбедено сместување (тип стан);
  • Обезбедена исхрана
 
Што се нуди:
  • Договор за работа со пријава на работен однос;
  • Нето заработка од 5 ЕВРА на час
  • Здравствено и пензиско осигурување;
  • Обезбедено сместување (тип стан);
  • Обезбедена исхрана;
  • Работно време 10 часа на ден, недела слободна. Една пауза од 30 минути и две паузи од 15 минути (паузите се платени)
  • Обезбеден алат и опрема за работа;
  • Третман на работниците еднаков со третманот на работниците во земјата на работа. 

Ве охрабруваме Вашата Професионална биографија да ја испратите преку полето “Брза Апликација”!

Контакт телефон: 072/320- 590
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Градежништво, Геодезија и Геологија изнесува 25.150 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде