Vrabotuvanje.com - Соработник во информативен контактен центар - Скопје - ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Соработник во информативен контактен центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ


 

Credissimo е динамична високотехнолошка компанија основана во 2007 година и е една од компаниите со најбрзиот развој на FinTech/ФинТек/субјекти во небанкарскиот финансиски сектор во Европа.

Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје, со своите иновативни решенија и автоматизирани процеси, одговара на потребите на клиентите за краткорочно финансирање. Водени од желбата да бидеме максимално достапни, корисни и удобни за секој кој има потреба од користење на нашите услуги, бевме една од првите компании во Република Северна Македонија кои овозможивме аплицирање за кредит, целосно онлајн, како и моментално одобрување и исплата на средствата.

Ние во Credissimo, го продолжуваме нашиот брз развој и бараме Соработник во информативен контактен центар да се придружи кон нашиот успешен тим.

Соработник во информативен контактен центар

Одговорности за оваа позиција се:

  • Прецизнo и точнo услужување на клиенти преку дојдовна линија, онлајн чат и е-пошта, според утврдените норми и правила за тоа;
  • Доставува јасна и точна информација за производите што ги нуди компанијата;
  • Обезбедува информации и поддршка на клиентите во врска со кредитните производи и услугите што ги нуди Друштвото;
  • Доставува информација и извршува извештаи на посоечки кредити;
  • Обезбедува информација актуелна информација за тековни промоции и попоусти, коишто можат да ги искористат клиентите.
  • Индивидуален однос кон секој клиент.

 Што е потребно за оваа позиција:

  • Одлични комуникациски вештини - пријатен глас и јасна дикција;
  • Одлична писмена комуникација на македонски јазик;
  • Желба за тимска работа;
  • Одговорност кон поставените задачи;
  • Завршено средно/високо образование;
  • Добро познавање работа со - MS Office;
  • Искуство на релевантна позиција ќе се смета за предност.

Што друго бараме во идниот кандидат - организација и мотивација за резултати, вештини за работа со различен тип луѓе, адаптивност во различни ситуации и казуси, желба за комуникација преку телефон.

Што нудиме:

  • Динамична средина во компанија со високи амбиции;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • Атрактивна плата и дополнителна бонус програма;
  • Можност да бидете дел од компанија која е објавена во Топ 10 на компаниите за алтернативно финансирање во Европа од European Fintech Awards;

Доколку сте заинтересирани за нашата понуда и ги исполнувате условите - испратете ни ја вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Друштвото.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје во рок од 6 месеца после завршување на процесот на регрутација. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

 
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје
Максим Горки 11-1/4 
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде