Vrabotuvanje.com - Комерцијалист - Скопје - ГРОСС ОПТИК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГРОСС ОПТИК

Компанијата Гросоптик зазема водечка позиција на пазарот на оптика во Југоисточна Европа. Од своето основање во 1992 година, компанијата е ориентирана кон потребите на потрошувачите и подобрување на нивниот живот. Целта на компанијата Гросоптик беше да создаде бренд на кој потрошувачите ќе може да му веруваат и каде што на едно место ќе најдат сè од областа на оптиката.

Гросоптик опфаќа - фабрика за производство на корективни диоптриски леќи со современ погон за производство на офталмолошки леќи на рецепт и погон за сериско производство, трговија на големо и дистрибуција на неколку познати брендови на офталмолошка опрема, алати и модни додатоци.

Моментално имаме отворена работна позиција за

КОМЕРЦИЈАЛИСТ за диоптриски стакла и рамки

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование
  • Поседување на возачка Б-категорија
  • Поседување на компјутерски вештини
  • Претходно искуство во доменот се смета за предност 

Oдговорности:

  • Посета на локација
  • Грижа за тековни клиенти
  • Продажба на офталмолошки производи за широка потрошувачка, бренд продукти (диоптерски рамки, очила за сонце, диоптриски стакла)
  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
  • Развивање и одржување на односите со клиентите
  • Администрирање и изработка на потребна документација

Ние нудиме:

  • Стабилна долгогодишна работа
  • Можност за надградба на професионален план
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Можност за патувања
  • Професионална обука, усовршување и едукација според личните потенцијали и потребите на компанијата
  • Атрактивна компетитивна плата
Сите заинтересирани кандидати своите биографии може да ги испратат преку полето "Брза Апликација"
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде