Vrabotuvanje.com - Магационер - Скопје - ИПРОТЕКС Технички Текстил ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ИПРОТЕКС Технички Текстил ДООЕЛ
  • Адреса: ТИРЗ бр.15, Илинден, 1041 Скопје

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст, „Службен  весник на РМ“ бр.62/05, бр.161/2008, бр.130/2009, бр.50/2010, бр.52/2010, бр.124/2010, бр.47/2011, бр.11/2012, бр.39/2012, бр.13/2013, бр.25/2013, бр.170/2013, бр.187/2013, бр.113/2014, бр.20/2015, бр.33/2015, бр.72/2015, бр.27/16), поради зголемениот обем на работа

Друштво за производство, трговија, преработка и услуги ИПРОТЕКС ТЕХНИЧКИ ТЕКСТИЛ ДООЕЛ Илинден, со седиште на ул.”Технолошка Индустриска Развојна Зона” бр.15 Илинден, Скопје, вработува: 

Магационер 

 
Основни должности:
  • Ја планира, подготвува и контролира сопствената работа
  • Врши прием на готови производи во магацин
  • Врши складирање на готови производи во магацин
  • Врши рачно товарење и растоварување на готови производи во магацин
  • Врши испорака на готови производи
  • Врши формирање, амбалажирање, подигање и ускладиштување на палети
  • Води грижа и ја одржува хигиената на просториите во кои работи 
  • Спроведува мерки на заштита при работа и се придржува кон мерките за безбедност и здравје при работа
  • Врши други работи и работни задачи согласно работната позиција. 
 
Потребни квалификации:
  • Минимум ССС образование
  • Претходно искуство како магационер во автомобилската индустрија ќе се смета за предност
  • Искуство со управување со виљушкар
  • Пожелно сертификат за управување со виљушкар
 
Вештини и способности:
  • Познавање на автомеханика
  • Одговорност, лојалност, професионалност
  • Совесност, самодисциплинираност, прилагодливост
  • Смиреност, сталоженост, комуникативност
  • Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа
  • Одлично присуство, точност и ефективна употреба на работното време

Услови за работа:
  • Редовни месечни примања
  • Исплата на прекувремена работа, работа за викенд, работа за празник согласно ЗРО
  • Редовен работен однос со дневно 8-часовно работно време
  • Обезбеден транспорт од и до работното место и храна 
  • Колегијална и пријателска работна атмосфера.
 

Ве замолуваме да ни ги испратите Вашите апликации/ кратки биографии на
македонски јазик, преку полето Брза Апликација.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани на кратко интервју

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде