Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за моторни масла - Скопје - ЕКСПАНДА ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Комерцијалист за моторни масла

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕКСПАНДА ДООЕЛ

 

 

Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
 

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА МОТОРНИ МАСЛА
Локација: Скопје
 
 
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија која работи во Македонија повеќе од 30 години. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим Комерцијалисти за моторни масла.

Како Комерцијалист за моторни масла ќе бидете одговорни за:

  • Идентификување на потенцијални клиенти и генерирање на нови деловни можности за компанијата;
  • Договарање на состаноци и презентација на производите;
  • Остварување на месечни и годишни таргети во продажба;
  • Соработка со тимот за продажба со цел развивање на стратегии за постигнување на целите за продажба;
  • Градење долгорочна соработка со клиентите на компанијата.

Доколку сте:

  • Насочени кон остварување резултати, организирани и структурирани во работењето;
  • Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
  • Комуникативни, Одговорни, Самоиницијативни, Проактивни.

И поседувате:

  • Најмалку ССС (Диплома од додипломски студии ќе се смета за предност);
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Работно искуство во автомобилска индустрија;
  • Одлични комуникациски, преговарачки и продажни вештини;
  • Одлично познавање англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Висок личен интегритет и деловна култура.

Ние ви нудиме: 

  • Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим; 
  • Атрактивна нето месечна заработка;
  • Службено возило;
  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот.
 
Пријавете се со праќање на вашата лична биографија преку полето Брза Апликација. Рок за доставување пријави e до 08.10.2023 година.

Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде