
Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот
О Г Л А С
ЗА РАБОТНО МЕСТО
- (еден) извршител Рецепционер/ка во Сектор услуги со следниве,
Неопходни компетенции
- средно или високо образование,
- со или без работно искуство (предност ќе имаат кандидатите со работно искуство),
- одлично познавање на англиски јазик (познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност) и
- напредно познавање на работа со компјутер и основни програми на Microsoft Office.
Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
Одговорности
- Ги пречекува посетителите, врши идентификација, ги упатува, одговара на прашања и води софтвер за евиденција на посетители;
- Одговара на телефонски повици и ги пренасочува истите до соодветните организациони единици;
- Други работни задачи доделени од работодавачот соодветни на работното место Рецепционер/ка.
Конкурентска предност за работната позиција
- желба за работа во средина со високи барања
- одлични комуникациски и организаторски способности
- висок степен на доверливост
- флексибилност и проактивност и
- љубезност и позитивен став
Ние нудиме
- можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
- стабилност и можност за развивање
- одлични услови за работа
Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.
Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).
Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку електронска пошта на hr@gim.mk
Телефон за контакт 02/3091-945
Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.
Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.
Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.
Известување за приватност на кандидатите за вработување |
|
Опис на процесот на обработка на лични податоци |
Селекција на кандидати за вработување во ГИ МАКЕДОНИЈА АД Скопје |
Правен основ |
Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020 |
Контролор |
Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје (посетете ја нашата web страна www.gim.com.mk) |
Кои лични податоци ги обработуваме и кој има пристап до нив |
Вршиме обработка на личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија Пристап до Вашите лични податоци имаат вработените и менаџерите одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор |
Од каде ги добиваме Вашите податоци |
Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или |
Зошто ги обработуваме Вашите податоци |
Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција |
Колку време ги чуваме вашите лични биографии |
Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот |
Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци |
Доколку имате забелешка во однос на обработката на Вашите лични податоци можете да го конрактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail адресата oficer.zlp@gim.com.mk |