Vrabotuvanje.com - Систем Администратор - Скопје - ГЛОБАЛ ГАМИНГ ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Систем Администратор

Скопје

Рок за пријавување:

  • ГЛОБАЛ ГАМИНГ ДОО

Глобал Гаминг, член на “Axel Capital“ групација, која работи на територијата на Македонија и Србија, моментално бара нов член во тимот на позиција ситем администратор.

Како компанија под брендот “Winner успешно организираме игри на среќа на 22 локации во Македонија и Србија. Дополнително, инвестираме во иновативни проекти од областа на информатичката технологија со висок потенцијал за раст и развој, обезбедувајќи им капитал и нашето долгогодишно искуство. Ние, исто така, управуваме со портфолио на инвестиции во обновливи извори на енергија низ Балканот, вклучувајќи соларни панели, постројки за биогас и хидроцентрали.

Нашата успешна компанија има над 400 вработени, а поради нејзината динамичност и постојан раст, сега бараме амбициозен колега кој ќе му се придружи на нашиот тим на позицијата:

Систем Администратор

Опис на работно место

  • Отстранување на хардверски и софтверски проблеми во службените канцеларии и на терен.
  • Инсталација, конфигурација и администрирање на работните станици, мрежните уреди и софтверските системи во компанијата.
  • Администрирање и надгледување на безбедносните компоненти.
  • Поддршка на софтверските системи на корисниците во деловната мрежа.
  • Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT услуги.
  • Анализа и тестирање на нови софтверски системи.

Потребно искуство, знаење и вештини

  • Искуство во софтверско администрирање на мали или средни компании и нивно доменско поврзување.
  • Инсталација и конфигурација на Windows и Linux оперативните системи и нивните пратечки софтвери.
  • Познавање на компјутерските мрежи и мрежните протоколи.
  • Основно познавање на виртуелизацијата на оперативните системи.
  • Познавање на стегање и поврзување на мрежните конектори (UTP, BNC, LSA Patch и слични).
  • Пожелно искуство во поставување и сетирање на видео надзор.
  • Пожелно искуство во управување со Ubiquiti и Mikrotik рутерите.
  • Пожелно познавање на српскиот јазик – разбирање и говорење.
  • Возачка дозвола “Б” категорија.

Нудиме

  • Приватно здравствено осигурување
  • Вреднување и наградување на вашата работа и залагање
  • Слободен ден за роденден
  • Тим билдинг активности

Ве молиме Вашето CV и мотивационо писмо да ги испратите преку полето Брза Апликација.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде