Со повеќе од 25 години на пазарот, Ле Гранд Казино е едно од најстарите казина во нашата земја, синоним за перфектно искуство во светот на игрите на среќа.
Ле Гранд Казино Скопје вработува Лице за обезбедување
Работни одговорности на Лице за обезбедување во Ле Гранд Казино Скопје
- Опсервација на активностите во казиното;
- Грижа за редот и мирот во казиното согласно процедурите за работа;
- Културно и професионално асистира на потребите на гостите;
- Други одговорности поврзани со работното место Лице за обезбедување.
Кандидатот треба да ги поседува следните карактеристики:
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Лојалност, чесност и доверливост;
- Комуникативна личност со професионален однос кон клиентите;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Флексибилност за опсервација и брза реакција.
Потребни квалификации и компетенции:
- Задолжителна важечка Лиценца за обезбедување;
- Минимум средно образование (ССС);
- Најмалку две години искуство на иста или слична позиција;
- Работа во 3 смени;
- Основно познавање на англиски јазик се смета за предност.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место
- Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица
- 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово
- Обуки и тим билдинг активности
Локација: Скопје
Тип на вработување: Полно работно време
Рок за пријавување на огласот: 13.10.2023
Како да аплицирате:
Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) преку полето Брза Апликација и во subject наведете „Лице за обезбедување – Ле Гранд Казино Скопје“.
Лице за контакт: Анастасија Каранфиловска – Сектор за Човечки ресурси
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ле Гранд Казино Скопје е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.