Студио за теписи ТТ Ексклузив ДОО - Скопје има потреба од едно лице за вработување на половина работно време

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА (половина работно време)
Работни задачи:
- Презентирање на палетата на производи и дизајни пред клиенти и задачи поврзани со продажба на теписи
- Позиционирање на артикли за продажба
- Следење на артикли, креирање и поставување на етикети
- Работа со фискална каса
- Работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Поседување на вештини за продажба
- Претходно работно искуство во продажба
- Познавање на компјутерски вештини (Word, Excel )
- Oсновни познавања на Photoshop
- Способност за индивидуална и тимска работа
Личен профил:
- Динамична и иницијативна личност
- Ориентираност кон клиенти
- Посветеност, лојалност и одговорност
Ние нудиме:
- Редовна месечна плата
- Месечни бонуси во однос на остварени таргети
- Исплата на минат труд
- Тимска работа и пријатна работна атмосфера
Работата е делумно самостојна, но неопходна е и соработка со другите вработени и соработници на студиото.
Се работи во 1 смена од 16:00 до 20:00 часот
Заинтересираните кандидати може да испратат свое CV преку полето Брза Апликација
со наслов: Апликација за работа.
Доколку ги исполнувате условите, ја очекуваме Вашата апликација.