Работник во магацин
Скопје
Рок за пријавување:
- Mozzart
Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Малта, Романија, Република Српска, Македонија, Хрватска и Кенија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.
За потребите на нашата компанија потребен ни е
РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
Основни должности:
- Прием на стока, припрема на стока, утовар и истовар
- Припрема и монтажа на мебел
- Раздолжување на уплатни места со опрема која се враќа во магацин
- Припрема на стока за отпис
- Редовен годишен попис
- Сортирање, задолжување и раздолжување на приемници и отпремнина во магацинот и друга попратна документација
- Уредно водење патни налози
- Одржување на надворешната и внатрешната хигиена на возилото
- Следење на исправноста на возилото и попратната опрема на возилото кое го користи
- Пополнување на електронски патен налог
- Водење сметка за потрошувачката на горивото
- Испорака на потрошен материјал
Услови:
- Средно образование IV степен на стручна подготовка
- Потребно е минимум претходно работно искуство од 2 години на исти или слични работи.
- Пожелно е искуство на работното место возач/дистрибутер што подразбира добро познавање на теренот, условите во сообраќајот и сообраќајните прописи и патиштата во Македонија.
- Задолжително поседување возачка дозвола Б категорија, поседување возачка дозвола (Ц категорија) ќе се смета за предност
- Дополнителни знаења: работа со компјутер
- Kомуникативност (усмена и писмена), интерперсонални вештини, сигурност, концентрација, одговорност и доверливост,
Компанијата нуди:
- Динамична и позитивна работна средина;
- Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
- Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
- Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
- Работна недела од 38 часа
- Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма
Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV да го испратите преку полето Брза Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.
Краен рок за поднесување на пријавите е 25.09.2023 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата
Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!