Vrabotuvanje.com - Книговодител - Скопје - Mozzart
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • Mozzart

Компанијата Mozzart, како најголем приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена е на териториите на Србија, Македонија, Малта, Романија, Република Српска, Босна и Хецеговина, Хрватска, Кенија, Гана и Колумбија. Со повеќе од 1000 уплатни места и околу 4.300 вработени, компанијатта Mozzart убедливо е регионален лидер вo оваа трговска дејност. Нашата работна политика е заснована на модерните принципи на работење, постојано унапредување на услугите и сфаќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно опкружување кое придонесува кон развојот на способностите, знаењето и кариерата на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.

За работа на територијата на Град Скопје, потребен e

КНИГОВОДИТЕЛ

Основни должности:

  • Евиденција на влезни фактури во деловодник
  • Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања
  • Книжење на влезни фактури
  • Книжење на девизни фактури и корекција на данок
  • Контрола на картиците со добавувачи и купувачи
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
  • Книжење на изводи денарски и девизни
  • Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга
  • Следење на законските рокови за припрема на плата и достава на Извештаи до државни органи
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe
  • Пресметка на закупи и под закупи
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација
  • Составување и достава на даночна пријава до државни органи
  • Следење на законските прописи и примена на истите
  • Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи

Услови:

  • Минимум средно образование или Висока стручна спрема-економска насокa
  • Најмалку 3 годишно работно искуство
  • Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот
  • Познавање на англиски и српски јазик
  • Способност за организирање и планирање
  • Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуникација (писмени и усмени)
  • Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа

Компанијата нуди

  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Работна недела од 38 часа
  • Спортско рекреативни бенефиции- Спортмастер програма

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите преку полето Брза Апликација. Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате. 

Краен рок за поднесување на пријавите е 25.09.2023 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде