
Hi-Tech Corp.
е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки
компанија која постои 42 години, со повеќе од 220 вработени, од кои над 100 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Airbus, Boeing, Bosch, Siemens…)
Hi-tech Corp. објавува
К О Н К У Р С
за вработување на
ХИГИЕНИЧАРКА
Опис на работните активности:
- Дневно одржување, чистење и дезинфекција на просторот во управна зграда на компанијата
- Подготовка на простории за одржување на работни активности
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование
- Посветеност, уредност и темелност во извршување на работните обврски
- Вештини за ефикасна организација
- Претходно работно искуство како хигиеничарка ќе се смета за предност
Компанијата обезбедува:
- Вработување на полно работно време;
- Конкурентни месечни примања;
- Исплата на регрес;
- Користење на годишен одмор согласно законски прописи.
Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат најдоцна до 27.09.2023 да достават кратка биографија – CV преку полето Брза Апликација. Ќе бидат разгледани само оние апликации кои содржат комплетни информации.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на истиот мејл на кој аплицирале.



