100% Mаркетинг е брзорастечка, full service маркетинг агенција.
Ние сме посветени ентузијасти кон креирање на креативни решенија за нашите клиенти. Ако одлучиш да ни се придружиш секогаш ќе работиме заедно кон постигнување на заедничките цели, работејќи во пријатна и забавна атмосфера!
100% Маркетинг, распишува оглас за вработување за позицијата:
DIGITAL MARKETING MANAGER
Повеќе за работната позиција:
- Комуникација со клиенти на дневно/неделно ниво и следење на нивните тековни кампањи.
- Постојана комуникација со тимот и воведување на новини и свежи идеи.
- Следење и изработка на месечни и квартални извештаи за перформансите на клиентите.
- Изработка на понуди кон нови/постоечки клиенти.
- Дигитален маркетинг (META /YouTube/Google Ads).
Доколку имаш:
- Работно искуство oд минимум 1 година.
- Развиени комуникациски вештини.
- Искуство во работење и водење на профли на социјални медиуми.
- Познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, Power Point).
- Вледеење на софтверски алатки и аналитички платформи како Facebook Ads Manager, Google Analytics и сл.
Ние ви нудиме:
- Работа во динамична, модерна и развојна средина.
- Работно време 09.00ч - 17.00ч, од понеделник до петок.
- Можност за платени обуки и курсеви.
- Одлична организациска поставеност и можност за брзо напредување.
Доколку си личност која е самоиницијативна, амбициозна и пред се со желба за работа во маркетинг агенција, овој оглас е за тебе!
Сите заинтересирани кандидати можат да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација, најдоцна до 29.09.2023.