
Bebel Fashion е млада компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје. Во моментов имаме 8 продавници во Скопје, со план во наредната година да се прошири нашата продажна мрежа и во други градови во Македонија. Имаме потреба од:
АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА (ж) - ТЦ Беверли Хилс, Скопје
(половина работно време)
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА, ОДОГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА:
- Работа со купувачи
- Прием на роба
- Работа на каса
- Одржување хигиена во малопродажен простор
- Изложување на роба.
- Работно време од 20 - 25 часа неделно
поТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Минимум средно образование
- Поседување на вештини за продажба
- Пожелно претходно работно искуство во продажба
- Способност за индивидуална и тимска работа.
Доколку ги поседувате горенаведените карактеристики и способности, аплицирајте за оваа позиција и бидете дел од нашиот тим.
Вашата биографија (CV) доставете ја електронски преку полето Аплицирај со назнака за кое работно место аплицирате.