Ресорт Маврово го проширува својот тим.
СУПЕРВИЗОР НА ТЕХНИЧКО ОДРЖУВАЊЕ / ХАУС МАЈСТОР / ОПЕРАТОР ВО СПА ЦЕНТАР
(Можност за сезонска работа или за подолго)
Работни одговорности на Супервизор на Техничко одржување во Ресорт Маврово:
- Ја организира и контролира работата на хаусмајсторите, домарот, вработените во спа центарот и спортските терени;
- Ги обучува и правилно воведува новите вработени;
- Солидни познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер, браварија и сл.;
- Се грижи за одржување на објектите и инвентарот;
- Се грижи за работните налози во хотелите да бидат навремено и правилно извршени;
- Подготовка на извештаи;
- Други одговорности соодветни на работното место Супервизор на техничко одржување.
Работни одговорности на Хаусмајстор во Ресорт Маврово ДОО:
- Се грижи за одржување на објектите и инвентарот;
- Општи познавања на работа со електрика, водовод и канализација, поправки во ентериер, браварија и сл.;
- Работа со разновиден алат;
- Врши поправки во хотелите согласно работните налози;
- Други одговорности соодветни на работното место Хаусмајстор.
Работни одговорности на Оператор во спа центар во Ресорт Маврово:
- Се грижи за одржување и хигиена на спа центарот во хотелот;
- Пречекува гости и одговара на нивните барања;
- Се грижи за правилно функционирање на сауна, базен, турска бања, џакузи;
- Други одговорности соодветни на работното место Оператор во спа центар.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Искуство во менаџирање на тимови;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Организациски и лидерски вештини;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Педантност во работата;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
Потребни квалификации:
- Мин. ССС (предност имаат кандидати со високо образование – Машински факултет или други технички науки);
- Искуство на исти или слични позиции мин. 2 години
- Возачка дозвола B категорија;
- Флексибилно работно време.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Основна плата + Додатоци на плата согласно Закон за работни односи (минат труд, работа во недела, работа на празник, прекувремено работно време);
- Сместување и 3 оброци дневно;
- 8 слободни денови во месецот;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница во денови кога работи жичарницата;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо преку Брзата Апликација и во Subject наведете за која позиција аплицирате Супервизор на техничко одржување, Хаусмајстор или Оператор во спа центар.
Рок за пријавување на огласот: 30.11.2023
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.