Vrabotuvanje.com - Бизнис асистент - Скопје - ЕУРО ТАБАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Бизнис асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕУРО ТАБАК ДОО

 
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
Еуротабак има потреба од Бизнис асистент

Локација: Скопје
Оддел: Водство
Рок за пријавување: 01.12.2023
Позиција: 1

 
 
Цел на работното место:
Одговара за извршување на општи, административни и технички задачи делегирани од Извршниот директор, ја води централната Архива на компанијата, организира состаноци, управува со телефонските и електронските комуникации, обезбедува деловна поддршка и помош, гарантирајќи ефикасност, доверливост, дискреција и добар имиџ за компанијата во јавноста.
 

Работни задачи:
  • Ја организира и води централната Архива на компанијата 
  • Прима и доставува фактури, договори, документи за потпис до директорот и ги враќа до соодветни сектори.
  • Ги евидентира и ги ажурира во електронска и печатена форма сите контактни податоци  и договори со партнери, купувачи, надворешни соработници, и други.
  • Организира состаноци, ги известува учесниците, ги потврдува датумите и времето, го резервира терминот и местото за состанокот и подготвува материјали по потреба.
  • Обезбедува доверливост на информации, податоци и документи.
 
Услови за работа и бенефиции:
  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време - 40 часа;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување;
 
Потребни квалификации:
  • ССС / ВСС
  • Најмалку 2 - 3 години работно искуство на слична или иста позиција;
  • Посетувани семинари и курсеви за управување со канцеларија, административно работење и/или деловна администрација;
  • Поседува одлични комуникациски и презентациски вештини; 
  • Способност за самостојна работа, но и како дел од тим; 
 
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.

Краен рок за аплицирање: до 01.12.2023
Аплицирај
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде