ARC автомобилската индустрија, АД е глобален лидер во дизајн, развој и производство на инфлатори за автомобилски воздушни перничиња. Со 70 годишно искуство на дизајн, експертиза и технологија, ARC е посветена на обезбедување на клиентите со иновативни, високо квалитетни производи,
Техничар за контрола на квалитет
Техничарот за контрола на квалитет ќе биде дел од тимот на контрола на квалитет. Тој/таа ќе врши рутинска проверка на компонентите и ќе ги прегледува лабораториските тестови и спецификации кој се однесуваат на хемикалиите и материјалите. Техничарот за контрола е одговорен да изврши проверка и контрола на готовите производи (инфлатори за воздушни перничиња) дали ги исполнуваат стандардите за квалитет, индустриските стандарди, пакувањето и следливоста на производите.
Треба да се грижи за заштита на животната средина, безбедност и здравје при работа, како и да развива добри односи со вработените и да биде отворен за нови знаења.
Работата се извршува во пријатан атмосфера и во смени со обезбеден топол оброк во сите смени и организиран превоз од Скопје, Куманово, Велес и Свети Николе до просториите на компанијата.
Основна нето плата изнесува од 30.000,00 МКД до 34.000,00 МКД.
- IV степен на стручна подготовка (техничко училиште), работно искуство до 3 години во областа на контрола на квалитет.
- потврдува дека потребните критериуми и методи на контрола се во согласност на индустриските и законските регулаторни барања и соодветно ги следи.
- врши ревизија на линијата за производство, по случаен избор врши преглед на производи во-процес и готови производи, според определени барања на секоја поединечна програма за ревизија и проверка на состојбата.
- компјутерски вештини, одлично познавање на Microsoft Office
- познавање на Англиски јазик
- Висок степен на одговорност, ефективност и ефикасност
- Организациски способности
- Динамичност, мотивираност, иницијативност
- Флексибилност и адаптибилност
- Тимско работење и кооперативност
- Мотивациско писмо за аплицирање на огласот.
- Биографија (CV).
- Доказ за завршено образование.
- Дополнителни дипломи и сертификати.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани.
АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување .
Документите треба да се достават до „АРЦ АУТОМОТИВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје“ со назнака за “Техничар за конторла на квалитет” до Сектор за управување со човечки ресурси преку полето Брза апликација.