Компанија од секторот на производство на храна во Илинден, Скопје има потреба од:
Магационер/Дистрибутер
Квалификации:
- Претходно работно искуство се смета за предност
- Возачка дозвола – категорија Б
- Искуство со управување со виљушкар
Одговорности и задачи:
- Прием на роба во магацин (контрола на квалитет и количини на примена роба, водење евиденција при прием)
- Управување и оптимизација на капацитетот за складирање
- Подигање и испорака на излезни производи
- Дистрибуција на излезни производи до одредена дестинација
- Умешност и снаодливост при управување со комбе/ладилник и камион/ладилник
- Утовар и истовар на производи
- Работа на ниски температури поради видот на производот
Личен профил:
- Организирана и одговорна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Лојалност и професионалност
Кандидатите кои имаат интерес за позицијата и се препознаваат во бараниот профил, ги покануваме да аплицираат преку полето “Брза Апликација” до 03.12.2023.