Компанијата ЛЕОМАР ГРОУП доо е овластен дистрибутер на брендот за долна облека Bonatti, со малопродажен ланец од 14 продавници.
Имаме потреба за работна позиција:
МАТЕРИЈАЛЕН КНИГОВОДИТЕЛ
Вработениот ќе биде дел од динамична работна атмосфера и опкружување, во кое секој има можност да го даде својот максимум.
Опис на работно место:
- Евиденција и обработка на целокупната влезна и излезна документација поврзана со материјалното работење
- Прием и обработка на влезни увозни фактури
- Следење и анализа на стоките и залихите во продавниците и магацинот;
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција;
- Изработка на извештаи и анализа на истите;
- Благајна и дневни промети
- Учество и организирање на пописи во продавници и магацин и обработка на податоците поврзани со истиот;
Потребни квалификации:
- Високо образование- Економски факултет
- Мотивираност, стабилност и доверливост
- Солидно познавање на MS Office пакетот
- Спремност за едукативна надградба и обука
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Своите апликации испратете ги преку полето Брза Апликација.