СОС Детско село е невладина, хуманитарна организација посветена на добросостојбата на децата и младите без родителска грижа, јакнење на семејствата во социјален ризик и поддршка на згрижувачките семејства.
За потребите на СОС Детско село, МПГ Солутионс ја објавува следната позиција:
Теренски ТИМ ЛИДЕР (м/ж) Скопје
Оперативно го координира тимот за реализација на теренски донаторски активности со цел обезбедување средства од индивидуални донатори согласно годишните цели и планови и го промовира брендот на СОС Детско село пред потенцијалните индивидуални донатори.
Клучни одговорности:
- Континуирана дневна посета и мониторинг на теренските активности
- Континуирана практична дообука со секој СОС Претставник врз основа на постигнувања и потребата за развој
- Планирање дневни, неделни и месечни теренски активности заради остварување на дефинираните цели
- Учествува во процесот на регрутација, селекција и обука на нови СОС Претставници
- Подготвува распоред за теренска работа, промени, замени со цел обезбедување на секојдневно и континуирано присуство на планираниот број СОС Претставници по локации
- Ги следи индивидуалните постигнувања на СОС Претставниците, ги мотивира и им дава соодветно практично усовршување
- Одржува неделни и месечни состаноци со СОС Претставниците
- Гради стабилен и мотивиран тим, позитивни релации и тимски дух
- Дава логистичка поддршка на терен (пулт, банер и сл)
- По потреба работи како СОС Претставник на терен поради мотивирање на тимот и/или достигнување на дефинираните цели
- Одржува добри односи со партнерите кои ни отстапуваат локации
Потребни квалификации:
- Завршено најмалку ССС
- Минимум 2 години искуство во директна продажба и минимум 1 година на позиција раководител на тим;
- Познавање на англиски јазик;
- Работа на компјутер;
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач
Посебни вештини:
- Високо организирана личност ориентирана кон остварување цели и резултати
- Одлични комуникациски вештини
- Развиени вештини за водење на тим
- Развиени аналитични вештини
- Оптимизам, упорност и тимски дух;
- Креативност и проактивност
Работни услови:
- Работен ангажман на определено време во траење од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време
- Работно време од 40 часа неделно
- Работа на терен
- Флексибилно работно време (работа во смени, вклучувајќи и викенди)
Ве молиме испратете ја Вашата професионална биографија најдоцна до 30.11.2023 година преку полето за Брза Апликација
Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СОС Детско село и истите да бидат зачувани во нашата база на податоци