ДТУ НАС МБД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, објавува оглас за вработување на полно работно време за следната позиција:
ПРОДАВАЧ/КА НА БЕНЗИНСКА СТАНИЦА
(локација ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ул. Лука Геров)
Потребни квалификации:
- Подготвеност за работа во 3 смени
- Претходно работно искуство на бензиска пумпа ќе се смета за предност (но и не мора)
- Комуникативност, љубезност и учтивост со купувачите се приоритетни
- Флексибилност, развиено чувство за тимска работа, колегијалност, лојалност, чесност и посветеност кон работните задачи.
Работни задачи:
- Точење на гориво и продажба на дополнителниот асортиман од маркетот
- Уредно и совесно наплатување и издававање на фискални сметки, фактури и испратници, водење на сменски и дневни евиденции
- Прием и отпрема на роба
- Одржување на хигиена во смена на продажниот простор
Месечната нето плата е во согласност за законските прописи во државата, со исплата на додатоци на плата за работа ноќе, работа во недела, работа на празник или прекувремена работа.
Доколку сте заинтересирани за повеќе информации, јавете се на телефонскиот број 075/260-925, или директно обратете се на самата локација на пумпата, или испратете ја Вашата биографија (CV) преку Брзата Апликација.