ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ПРАКТИКАНТ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
- Поддршка при администрирање и ажурирање на персонална документација;
- Ажурирање на базите на податоци за вработените;
- Поддршка во процесот на регрутирање на вработени.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ССС/ВСС;
- Основно познавање на Microsoft Office пакет;
- Говорен и пишан англиски јазик;
- Одлични комуникациски способности.
ШТО НУДИМЕ:
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Практична обука од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часа неделно
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски
јазик на www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во
времетраење од 12 месеци