Салатер/ка
3 (три) позиции - Скопје
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование пожелно угостителско
- Самоиницијативност, посветеност
- Креативност и умешност
- Високо развиена свест за лична хигиена
- Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи
Опис на работни задачи и одговорности:
- Врши подготовка на салати и продуктите потребни за изработка на салатите
- Врши подготовка на потребните продукти за готвење согласно утврдените нормативи
- Врши контрола на квалитетот на продуктите кои ги подготвува
- Соработува со останатите вработени во кујна
- Ги почитува правилата и процедурите за работа
- Води грижа хигиената во кујната да е на високо ниво
На кандидатот му нудиме:
- Работа во пријатна и организирана работна средина
- Можност за понатамошен професионален развој
- Почетна бруто плата во износ од 40.000 плус дополнителни додатоци на плата согласно ЗРО
- Подарок за роденден
- Организирана исхрана
- Платен превоз
- Работа во смени
Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV преку Брзата Апликација со назнака “Салатер/ка”.
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
