Vrabotuvanje.com - Специјалист за меѓународна продажба - Прилеп - МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Специјалист за меѓународна продажба

Прилеп

Рок за пријавување:

  • МИКРОСАМ ДОО ПРИЛЕП

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и ЦНЦ машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 30-години Микросам има инсталирано над 300 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

Микросам ДОО, светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали, има потреба од нов стручен кадар:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА МЕЃУНАРОДНА ПРОДАЖБА 
- 2 работни позиции

 

Основни одговорности и задачи:

  • Комуникација со меѓународни клиенти, глобални претставници и партнери
  • Квалификација и утврдување на технички потреби
  • Работа со CRM и планирање на следни чекори
  • Консултација со инженерски тим при изработка на понуди
  • Проследување на активности за продажба, испорака на машина, и сервис
  • Изработка на редовни и периодични извештаи за продажни резултати
  • Комплетна поддршка на Продажниот Тим
  • Присуство на годишни саеми, настани и конференции
  • Посета на купувачи и добавувачи
  • Сугестии за подобрувања, и други продажни активности

Квалификации и компетенции:

  • ВСС од било која дисциплина, предност ќе имаат канидидати од техничките факултети
  • Техничка ориентација
  • Одлична и убедлива комуникација на телефон, директно и писмено
  • Слушање и разбирање на потребите од сите учесници
  • Одлично познавање на англиски јазик, особено пишување
  • Желба за успех, континуирано учење и лично подобрување
  • Самоиницијативност и способност за самостојна работа
  • Тимска работа и искуство со софтверски алатки

Што нудиме?

  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект
  • Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет
  • Организиран превоз и храна
  • Кариера во најиновативната Македонска компанија со решенија за светски клиенти

Отворената работна позиција е за во нашите канцеларии во Прилеп 

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо преку Брзата Апликација.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 17.12.2023 година.

Само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју. 

Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.

 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде