Vrabotuvanje.com - Бравар - Скопје - ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕСИ ВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ Скопје


За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата HELLENiQ Energy и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Бравар (реон Скопје)

 
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ: 
  • Санација на пропусти на прирабнички споеви; 
  • Отворање и затворање на резервоари, котли и мрежа на пареа; 
  • Подготвка и контрола на местата за заварување; 
  • Заварување на секаков вид на заварени споеви (рачно електролачно и пламенско заварување); 
  • Одржување на мрежата на пареа преку заварување на дефекти; 
  • Грижа за правилна работа на системите за греење и ладење во ОКТА; 
  • Ремонти на опремата за греење и подготовка на пареа; 
  • Извршување на други задачи од доменот на стручна квалификација. 
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Средна стручна спрема – Машинство;
  • Претходно работно искуство во одржување на системи за греење и ладење ќе се смета за предност; 
  • Поседување на сертификат за заварување (рачно електролачно и пламенско заварување) ќе се смета за предност; 
  • Претходно работно искуство во нафтена или хемиска индустрија ќе се смета за предност; 
  • Б-категорија возачка дозвола. 
 
ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
  • Добра психо-физичка кондиција, иницијативност и мобилност;
  • Способност за работа на висина, на отворено, во услови на зголемени испарувања на нафтени деривати, во услови на бучава;
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, организациски вештини, одговорност, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност.

НУДИМЕ:
  • Работа во позитивна средина со можност за напредување;
  • Интерна обука за работното место;
  • Конкурентна плата;
  • Работно време од 07:00-15:00 од понеделник до петок;
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место;
  • Организирана исхрана од компанијата;
  • Други бенефиции согласно политиките на компанијата.
 
Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги преку полето Брза Апликација и наведете ја позицијата за која аплицирате. 
 
ЕСИ (Employment Services International)
ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде