Фирмата Југоекспорт Стил Скопје е основана во 1991година. Југоекспорт Стил е фирма чија дејност е продажба на мебел за домашна и комерцијална употреба. Нашата компанија нуди мебел за сечиј вкус, од странско но и домашно производство. Моментално фирмата има над 45 вработени и три изложбени салони ширум републикава - салонот во ГТЦ е со 420м2, потоа во Струмица со 610м2 и нашиот Мебел Центар во Илинден (наспроти хотел Белви) со површина од 6,000м2.
Во потрага сме по:
Комерцијалист / Продавач
за салонот во Скопје
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност;
- Аналитички програми и презентирање;
- Возачка дозвола – Б категорија;
- Менаџирање и контролирање на вработени (подредени).
Опис на работни задачи:
- Да ги запознае купувачите со вистинскиот асортиман на производи, ценовната политика и сите услови на соработка;
- Ја следи работата на конкуренцијата, известува и предлага активности;
- Одговорен е за навремена наплата на сите доспеани долгувања, како и за целокупното административно водење на продажба;
- Посети на клиенти;
- Должен со својата работа да придобие што поголем број на купувачи;
- Должен да го поддржува тимскиот дух, да соработува;
- За време на своите посети во целост да ги застапува интересите на компанијата и да допринесе за оддржување на имиџот на компанијата која е ориентирана кон купувачите;
- Да ги развива, да води сметка околу личното усовршување;
- Планирање и организирање на продажни активности;
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
- Развивање и одржување на односите со клиентите;
- Опслужување на клиенти во компанијата;
- Изготвување на понуди по спецификација;
- Изготвување на прегледни и графички средени извештаи и невно презентирање кај надредените;
- Воведување на нови процеси и стратегии за подобрување на работата во работилница и вработените.
Лични карактеристики:
- Организираност и одговорност;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови.
Аплицирајте преку полето
БРЗА АПЛИКАЦИЈА!