
“БАКО”, претпријатие кое се занимава со производство, преработка, пакување и продажба на апетисани, семиња, зачини, корфнлекс... има потреба да вработи:
Прехранбен технолог
- во дирекција




Обврски и одговорности:
- Развој на нови производи
- Задолжен/а за воспоставување, спроведување и контрола на стандардите согласно законската регулатива;
- Задолжен/а за одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитет со цел да овозможи производство на здравствено исправни производи кои ги исполнуваат законските регулативи и барањата за квалитет, како и задоволувањата на барањата на потрошувачите;
- Контрола на целокупното производство, предлага мерки и решенија за подобрување на истото
- Одговорен е за ажурно водење на документацијата;
- Задолжен/а за развивање и одржување на системот за безбедност на храна и управување со квалитетот со воспоставување и одржување на целокупната потребна документација;
- Го одржува HACCP преку одржување на процедурите и сите потребни дополнителни документи;
- Следи и координира стандарди
- Воспоставува комуникација со клиентите со цел подобрување на квалитетот на целокупното работење и техничките перформанси;
- Развој и контрола на квалитет
- Ги контролира постапките при испорака на готов производ;
- Спроведува обука на вработените за сите процедури поврзани со управување на квалитет, безбедност на храна и хигиена;
- Следи и имплементира законски и подзаконски акти
- Води грижа за здравствениот билтен на вработените (санитарни книшки);
- ВСС, технолошки факултет
- Минимум 3 година работно искуство
- Познавање на стандарди: ISO 22000, HACCP, TUV
- Солидно познавање на англиски јазик
- Користење на MS Office и Internet
- Иновативност, одговорност, иницијативност
- Организациски способности и тимска работа
- Желба за постојано учење, лично и професионално надоградување
Кандидатите кои ги исполнуваат горе наведените критериуми треба да испратат CV преку полето Брза Апликација со назнака "Прехранбен технолог". Ќе бидат контактирани само потесно избраните кандидати.
