Vrabotuvanje.com - Менаџер за продажба - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Менаџер за продажба

Скопје

Рок за пријавување:

Ние во Алма-М веќе 32-ра година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Објавува оглас за следната работна позиција

Менаџер за продажба

 
датум на објава: 20 Ноември 2023
рок за пријавување до: 3 Декември 2023
број на оглас: О-231117-НП-МП
сектор: Продажба
регион: Македонија
 
 
Работни задачи:
  • Коoрдинира и извршува продажба, дистрибуција и наплата на цела територија на Р. Македонија.
  • Развива годишен бизнис план и стратегија за продажба на пазарот,
  • Координира Регионални менаџери за продажба,
  • Планира продажба на месечно, квартално и годишно ниво, оперативни трошоци и координира соработка на неговиот тим со останатите сектори во компанијата,
  • Прави постојана анализа на продажба и пазарна структура,
  • Предлага акции, проекти и други активности со цел достигнување на планирана продажба,
  • Подготовка на месечен/неделен рутинг план и повратно информира за реализација, 
  • Блиска комуникација со менаџмент тим,
  • Преговара и потпишува годишни договори со клучни купувачи,
  • Спроведува тренинзи со Регионални менаџери за продажба,
  • Изготвува извештаи за продажба и анализа на пазар,
  • Разгледува и конфирмира неделни планови; неделни пресеци на должници; подготвува неделни состаноци,
  • други работи по опис на работно место.
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Минимум завршено високо образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организирана, аналитична, мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Познавање на пазарот во Македонија,
  • Познавање на англиски јазик.
 
Потребно искуство:
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција во менаџмент.
 
Работни услови:
  • Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок.
 
 
Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.
 
Напомена:
Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Ве молиме без телефонски јавувања
 
АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде