Vrabotuvanje.com - Кредитен референт - Скопје - ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Кредитен референт

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ


 

Credissimo е динамична високотехнолошка компанија основана во 2007 година и е една од компаниите со најбрзиот развој на FinTech/ФинТек/субјекти во небанкарскиот финансиски сектор во Европа.

Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје, со своите иновативни решенија и автоматизирани процеси, одговара на потребите на клиентите за краткорочно финансирање. Водени од желбата да бидеме максимално достапни, корисни и удобни за секој кој има потреба од користење на нашите услуги, бевме една од првите компании во Република Северна Македонија кои овозможивме аплицирање за кредит, целосно онлајн, како и моментално одобрување и исплата на средствата.

Ние во Credissimo, го продолжуваме нашиот брз развој и бараме Кредитен референт да се придружи кон нашиот успешен тим.

КРЕДИТЕН РЕФЕРЕНТ

Одговорности за оваа позиција се:
  • Прецизнo и точнo разгледување на кредитни барања и донесување на Одлука согласно внатрешната кредитна политика;
  • Детално разгледување на Извештаите од МКБ за кредитната историја на кредитобарателите
  • Обезбедува информации и поддршка на клиентите во врска со кредитните производи и услугите што ги нуди Друштвото;
  • Доставува информација и извршува извештаи на посоечки кредити;
  • Обезбедува актуелна информација за тековни промоции и попоусти, коишто можат да ги искористат клиентите.
  • Индивидуален однос кон секој клиент.
 
 Што е потребно за оваа позиција:
  • Искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
  • Познавање на дејноста на финансиските институции (банки, небанкарски кредитни институции, лизинг и факторинг друштва).
  • Секојдневна интеракција со различни збирки податоци и комуникација со државни институции.
  • Желба за тимска работа;
  • Одговорност кон поставените задачи;
  • Завршено средно/високо образование;
  • Добро познавање работа со - MS Office;

Што друго бараме во идниот кандидат - организација и мотивација за резултати, вештини за работа со различен тип луѓе, адаптивност во различни ситуации и казуси, желба за комуникација преку телефон.
 
Што нудиме:
  • Динамична средина во компанија со високи амбиции;
  • Можност за личен и професионален развој;
  • Реална плата и различни видови бонуси;
  • Динамична средина во компанија со големи амбиции;
  • Проширување на тимот и можност за развој на кариерата;
  • Договор за вработување со Credissimo на неопределено време, со пробен период од 6 месеци.
  • Можност да бидете дел од компанија која е објавена во Топ 10 на компаниите за алтернативно финансирање во Европа од European Fintech Awards;
 
Доколку сте заинтересирани за нашата понуда и ги исполнувате условите - испратете ни ја вашата кратка биографија преку полето Брза Апликација.
 

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Друштвото.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје во рок од 6 месеца после завршување на процесот на регрутација. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

 
Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје
ул. Максим Горки 11-1/4
1000 Скопје, Р.С. Македонија
Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде