Vrabotuvanje.com - Технички советник / Едукатор / Фризер - Скопје - АВЕ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Технички советник / Едукатор / Фризер

Скопје

Рок за пријавување:

  • АВЕ ДООЕЛ


АВЕ ДООЕЛ е компанија која се занимава со дистрибуција и продажба на разновиден асортиман на професионални производи за коса од брендовите Schwarzkopf Professional, Indola, STMNT. Ние сме посветени на обезбедување производи и услуга со висок квалитет кои ја оправдуваат довербата на нашите клиенти. Придружете се на интерактивниот динамичен тим на Едукативниот центар на Schwarzkopf Professional  и станете наш

Технички советник / Едукатор / Фризер

Локација: Скопје

ЗА ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА SCHWARZKOPF PROFESSIONAL

Едукативниот центар e замислен како место за размена на знаење, креативност и усовршување на професионалните фризерски вештини. Во Едукативниот центар годишно се одржуваат голем број на семинари и работилници, кои претставуваат совршена можност за понатамошен кариерен развој, во кој со нашата професионална поддршка ќе успеете да создадете свој потпис. 

ОД КАНДИДАТИТЕ ОЧЕКУВАМЕ:

  • Минимално 5 години искуство во фризерството
  • Изразени комуникациски и презентациски вештини
  • Иницијатива, самостојност и енергија
  • Љубов кон фризерскиот занает
  • Основно користење на MS Outlook и Microsoft Office
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Подготвеност за тимска работа и континуирано унапредување на знаењето со најновите технологии и техники во фризерската индустрија

ОБВРСКИ:

  • Планирање и организација на едукација, обука и работилница за фризери
  • Активно тестирање и имплементирање на најновите производи и техники за боја, нега и стилизирање на коса

АЛАТКИ ЗА РАБОТА:

  • Службен мобилен телефон
  • Службен лаптоп
  • Едукација и подобрување на знаењето во земјата и странство 

ЗАБЕЛЕШКА:

  • Бараме кандидат со локација на живеење во Скопје.

Сите заинтеренсирани кандидати може да го испратат своето CV преку Брзата Апликација.

Кандидатите од потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.
 

Брза апликација
Испрати на пријател Принтај

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Грижа за убавина и Спорт изнесува 20.474 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде