Oглас за работна позиција: Проектант во Сектор Проектирање
Опис на работно место: Проектант во Сектор Проектирање
Минимум потребни квалификации:
- Образование: ВСС – Дипломиран градежен инженер
- Насоки: Конструктивна / Хидротехника / Транспортна инфраструктура – Патишта и железници
- Работно искуство: Со искуство во изработка на проектна документација и координација на проекти со повеќе фази, и предност е доколку кандидатот поседува Овластување за изработка проектна документација
- Возачка дозвола: Предност е доколку кандидатот поседува возачка дозвола но не е задолжително
- Јазик: Предност е доколку кандидатот има познавање на Англиски јазик
- Компјтерски познавања: AutoCAD и МS Officе
- Способност за тимска работа, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата
- Познавање и примена на Законската регулатива во Република Северна Македонија
Опис на работни задачи:
- Изработка на проектна документација од областа на градежништво и координација на проекти каде се вклучени повеќе фази
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
- Преку Брзата Апликација.
- По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 15.09.2024 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.