Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, пријавете се за позицијата:
Локација: Скопје
Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на нашиот тим за продажба.
Нудиме:
- Конкурентна плата во индустријата со атрактивни месечни бонуси;
- Службено возило достапно 24/7;
- Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот;
- Обезбедена опрема за работа (службен телефон, лаптоп).
Обврски и одговорности:
- Планирање на активности на дневно, неделно и месечно ниво;
- Посета на купувачи на определениот регион со цел:
- Презентирање на производите и нивните бенефити;
- Се грижи за:
- Идентификување на пазарните трендови и предлагање на активности;
- Давање на предлози за подобрување на продажбата;
- Почитување на зададените рокови;
- Остварување на зададените таргети.
Потребни квалификации:
- Возачка дозвола - Б категорија без забрани и ограничувања;
- Практично користење на MS Office (Еxcel, Power point, Word);
- Активно користење на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Способност за ефикасно справување со приговори и решавање на проблеми;
- Работно искуство од најмалку 1 (една) година во FMCG продажба.