Микрокредитна фондација Хоризонти повеќе од 20 години обезбедува пристап до финансиски услуги за поддршка на малите бизниси, индивидуални земјоделци и друго население со помали приходи. До сега имаме опслужени над 20,000 клиенти, преку деловна мрежа од 8 подружници распоредени во различни региони од земјата.
Целата на нашето работење е втемелено во социјалната мисија на организација, да создаде позитивно влијание врз деловните активности на клиентите и нивниот животен стандард.
За реализација на деловните активности во склад со годишните планови имаме потреба од вработување на:
КРЕДИТЕН РЕФЕРЕНТ
филијала Струмица
Опис на работата:
- Промоција и пласман на кредитните продукти на Хоризонти до крајните корисници
- Обработка на кредитни апликации и анализа
- Мониторинг на наплата
- Одржување квалитетен деловен однос со клиентите и нивно долгорочно опслужување
Услови:
- Жител на Струмица или околината
- Возачка дозвола Б категорија
- Спремност да патува и работи во рурални средини.
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
- Развиени комуникациски и продажни вештини и техники.
- Аналитички и организаторски способности.
- Тимски играч.
Ние нудиме:
- Едукација и менторство во првите 3 месеци за оспособување на новите кредитни референти
- Пристап и користење на службените ресурси (возила, телефон, компјутер)
- Фиксно работно време
- Плата базирана на учинок и перформанси
- Пријатна работна атмосфера и тимски пристап
Услови за аплицирање
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат свое CV и мотивационо писмо (опционално) преку полето Брза Апликација.
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
Огласот е отворен 10 работни денa од неговото објавување (од 02.09.2024 до 16.09.2024).