Kомпанијата Д спортска опрема e формирана со идеја дека најпопуларните спортски брендови, препознатливи по услугата и стабилното работење, внесе здрав дух во сите сегменти од живењето. Со најдолга традиција на пазарот работиме преку две децении.
Нашата спортска фамилија ја сочинуваат преку 700 вработени и преку 80 малопродажни објекти во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Во неа секогаш се добредојдени луѓе со константна цел за подобар резултат, за учење и за унапредување во работата. По тој повод, потребна ни е личност за работно место:
Место на работа: Скопје
Работни обврски:
- Примање на нарачки;
- Замена и рекламација на каталошки производи;
- Работа на унапредување на изгледот, функционалноста и ефикасноста на сајтот
- Контрола и проверка на статусот на пратката со одговорната курирска служба;
- Евидентирање на уплатите од купувачите во соодветната табела врз основа на извештаите од финансии, на денот на приемот на уплатата;
- Коресподенција со продавниците во врска со промените кои се случуваат во доменот на каталошката продажба како би се осигурала имплементација на истите
Потребни квалификации
- IV степен во природни или општествени науки
- Претходно работно искуство во интернет продажба или во малопродажни системи
- Добро познавање на пазарот во областа на спортска облека и обувки
- Напредно познавање на работа во пакет MS Office , особено Excell
Можете да очекувате:
- Работете во стабилна компанија
- Редовна и стимулативна заработка
- Бонуси во согласност со перформансите
- Можност за професионален развој
Вашето CV и мотивациско писмо испратете ги преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани