СОС Детско село е дел од големото семејство на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. СОС Детско село делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Центарот за поддршка на згрижувачки семејства нуди услуги на стручна помош и поддршка преку проценка, подготовка и обука на идни згрижувачки семејства, промоција, следење и предлози за унапредување на услугата згрижување во згрижувачко семејство .
Центарот за поддршка на згрижувачки семејства дава континуирана поддршка на постоечки згрижувачки семејства за нивен професионален развој и обезбедување на квалитетна грижа за згрижените коирсници.
Со цел ширење на мрежата на згрижувачи, Центарот за поддршка на згрижувачки семејства - СОС Детско Село Скопје објавува оглас за:
Даватели на социјална услуга – Згрижувачи
Локација: Гази Баба, Илинден, Петровец, Арачиново, Аеродром, Бутел, Чучер Сандево, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, Свети Николе, Струмица, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново село, Босилово, Василево , Конче и Радовиш.
Услови да станете згрижувач:
- Згрижувач може да биде само лице кое е полнолетно.
- При изборот на згрижувачко семејство се зема во предвид општата здравствена состојба и подобноста на подносителот на барањето и на сите членови на семејството.
- Згрижувачот е должен на малолетното дете да му обезбеди: згрижување и сместување во семејството, нега, општа и лична хигиена, исхрана, неопходна облека и обувки, грижа за здравјето на детето, грижа за неговиот личен развој, воспитание и образование.
- Згрижувачот е должен да се грижи и за задоволување на етичките, културните, забавните и рекреативните потреби на детето кое е сместено во семејството, како и да ја почитува етничката припадност и верските обичаи на сместеното дете.
- Истовремено згрижувачот е должен да овозможи продолжување на врската на детето со неговото биолошко семејство, доколку го има и таква можност и волја постои, како и да се грижи и да го подготвува детето за средбите со неговото биолошко семејство.
- Детето се сместува во згрижувачко семејство додека не се обезбеди трајно решение за негово сместување, а тоа е да се врати во биолошкото семејство или да биде посвоено.
Што нудиме:
- Континуирана поддршка од стручни лица во однос на поддршка за развој на згрижените деца.
- Унапредување на компетенциите на секој згрижувач преку континуирани обуки и можности за надградување на вештините.
Како да се пријавите:
- Заинтересираните лица потребно е да се обратат на 075 277 447 или во локалниот Центар за социјална работа во местото на нивното живеење Постапката за станување згрижувач започнува со поднесување на Барање до месно надлежниот центар за социјална работа во вашата општина.
Законот за социјална заштита дава право на надоместок на трошоците за сместување на детето и надоместок за згрижување.
Согласно Одлуката за цената на социјалната услуга за 2024 година висината на месечниот надоместок изразен во нето износ, може да ја погледнете тука:
https://mtsp.gov.mk/content/pdf/2023/odluki_socijala/Izmena%20na%20Odluka%202024.pdf
Вие можете да бидете разликата што ќе промени нечиј живот. Отворете го своето срце и дом за дете на кое му е потребна љубов и грижа. Станете згрижувач и помогнете да се изгради подобра иднина за децата кои имаат потреба од згрижување.